Нотр Дам: Информацијата за терористички напад сепак е лажна вест – ММС
ММС

Објавено на: 04/16/19 12:17 PM

Нотр Дам: Информацијата за терористички напад сепак е лажна вест

На социјалните мрежи и портали уште додека дивееше пожарот во париската катедрала Нотр Дам, почнаа да се појавуваат лажни вести и теории на заговор за причинте и подметнувачите на пожарот. Како да не беше доволно што пожарот ,,голташе“ речиси милениумски стара култура, богатство на целото човештво.

Порталот Infowars, кој е познат по ширењето на лажни вести и теории на заговор, а благодарение на тоа има голем број следбеници, побрза да објави  дека пожарот е намерно предизвикан – подметнат. Се повикале на објавата на Твитер кој што во меѓувреме е избришана, а во неа некој непознат тврди дека познава некого кој работи на обновата на катедралата и знае се’.

Откако лажната вест почна да се шити со брзина на пожар, кој што го проголта Нотр Дам, Твитер го избриша лажниот профил. Исто така заврши и лажниот профил на Fox Newsa, на кој е објавено дека конгресменката од Минесота за пожарот изјавила : ,,Како посеале, така и  ќе жнеат“.

Во септември 2016 година, спречен е напад со автомобил бомба во близина на катедралата Нотр Дам. Пред црквата е откриен автомобил со седум плински боци. Полицијата набргу уапси три жени поврзани со Исламската држава кои што планирале напад, при што еден полицаец и еден терорист беа ранети.

Вчера почнаа да се објавуваат вести и линкови од стари написи со кои се сакаше да се убеди јавноста дека станува збор за ист или поврзан настан. Притоа Džihad Voč посебно се истакна со насловот ,, Муслиманка во потрага за љубовта планирала пред катедралата Нотр Дам ,да го дигне во воздух автомобилот полн со плински боци“.