Нотр Дам: Од кулата што синоќа се урна претходно со кран биле изнесени 16. споменици на апостолите и евангелистите – ММС
ММС

Објавено на: 04/16/19 12:04 PM

Нотр Дам: Од кулата што синоќа се урна претходно со кран биле изнесени 16. споменици на апостолите и евангелистите

Нотр Дам, освен што беше еден од главните симболи на Париз и на Франција, е и непроценлив бисер на готската архитектура, а катедралата беше и дом на многу уметнички дела и верски артефакти.

Некои од нив, во текот на подготовките за реновирање, случајно биле спасени минатата седмица. Имено, од кулата што требаше да се реновира, но се урна во синоќешниот пожар, работниците претходната седмица со кран извлекле 16 бакарни споменици што ги симболизираат 12. апостоли и четирите евангелисти.

Инаку, истрагата за причините за пожарот е во тек. Првично, се смета дека е поврзан со реновирањето.

Претходниот месец пожар избувнал и во втората по големина црква во Париз. Истрагата за него е уште во тек, а пожарникарите се сомневаат дека бил подметнат, пишува „Њусвик“.