По 30 години, се воведува директен лет САД – Хрватска – ММС
ММС

Објавено на: 04/16/19 12:00 PM

По 30 години, се воведува директен лет САД – Хрватска

Од Хрватската туристичка заедница информираат дека во текот на летниот ред на летање што трае од 31 март до 27 октомврии, кон Хрватска се воведени 81 нови редовни и чартер линии. Најмногу летови во првите денови бележеле аеродромите во Загреб, Сплит и во Дубровник.

Сепак, најважната вест е воведувањето на сезонската линија Филаделфија – Дубровник што ќе стартува од почетокот на јуни. Тоа е прва директна интерконтиентална линија помеѓу двете земји по речиси 30 години.