Фото: Le Républicain
Париските пожарникари објавија драматично видео од нивната борба со пламените јазици кои вчера ја зафатија катедралата Нотр Дам. По шеснаесет часа тие конечно успеаја да го изгасат пожарот, чија големина се гледа на видеото кое тие го објавија.
#intervention Retour en images sur le feu à #NotreDame de Paris qui a mobilisé près de 400 pompiers. pic.twitter.com/O9ELwENcoY
— Pompiers de Paris (@PompiersParis) April 16, 2019
Пожарот кој веќе е целосно изгаснат, беше ставен под контрола околу три часот утринава. Во борбата со огнената стихија учествувале околу 400 пожарникари, а податоците говорат дека еден од нив е тешко повреден.
Нотр Дам е еден од најдобрите примероци на француската готска катедрална архитектура, а претседателот Емануел Макрон вети нејзина целосна обнова. Тој најави дека ќе почнат со меѓународна кампања со цел да соберат доволно средства за реставрирање.
Причината за пожарот и понатаму останува непозната.


