Туск: пожарот во Нотр Дам нѐ потсетува колку можеме да загубиме – ММС
ММС

Објавено на: 04/16/19 11:46 AM

Туск: пожарот во Нотр Дам нѐ потсетува колку можеме да загубиме

Фото: HuffPost

Повикувајќи ги земјите членки на ЕУ да и’ помогнат на Франција во обнова на Нотр Дам, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска изјави дека оваа катедрала во Париз е симбол на она што ја поврзува Европа.

Според него, пожарот во Нотр Дам ги потсетува Европејците „колку можеме да загубиме”.

„Тука станува збор за нешто поголемо од материјална помош. Пожарот во Нотр Дам нѐ освести дека нѐ поврзува нешто поважно и подлабоко од договор“, порача Туск пред европратениците.

Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, на состанок во Стразбур, ги повика европратениците својата дневница да ја донираат за обнова на катедралата.