Временска прогноза: Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер – ММС
ММС

Објавено на: 04/16/19 11:05 AM

Временска прогноза: Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето претпладнево е сончево со мала до умерена облачност, а од пладне на места облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер.

Можна е изолирана појава на град и тоа претежно на југот од земјава. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северозападен ветер – соопштија од УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени, а во Скопје ќе достигне до 17 степени целзиусови.

Утре и в четврток ќе биде нестабилно, со локален пороен дожд во попладневните часови, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Во петок и за време на викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време. Утринските температури на некои места ќе се спуштат и до минус еден степен.