Пцовиса една од најретките желки во светот, останаа уште три – ММС
ММС

Објавено на: 04/16/19 10:44 AM

Пцовиса една од најретките желки во светот, останаа уште три

Џиновска мекоолопна желка од видот rafetus swinhoei, една од најретките во светот, во саботата пцовисала во зоолошката градина во кинескиот град Сузхоу, пишува ББС. Во таа зоолошка градина се чува и мажјак од истиот вид. Другите две такви желки живеат во Виетнам, но не е познато од кој пол се.

Желката имала повеќе од 90 години и била во процес на вештачко оплодување, за кој ветеринарите велеле дека се одвива добро, но таа пцовисала следниот ден.

Со оплодувањето се сакало да се продолжи животот на овој вид со оглед на тоа што, поради претерениот лов, е пред целосно исчезнување.