Додека гореше Нотр Дам во Париз, пожар и во џамијата Ал Акса во Ерусалим – ММС
ММС

Објавено на: 04/16/19 9:05 AM

Додека гореше Нотр Дам во Париз, пожар и во џамијата Ал Акса во Ерусалим

Во исто време кога оганот ја голташе катедралата Нотр Дам, едно од главните обележја на Париз, пожар избил и во џамијата Ал Акса во Ерусалим. Пожарот, како што јавува Палестинската новинска агенција, бил изгаснат од противпожарната бригада на тамошниот Исламски вакуф.

Веста за пожарот во џамијата Ал Акса, третото најсвето место во исламот, е засенета од многу поголемиот пожар што истовремено ја зафати катедралата Нотр Дам. Агенциите јавуваат дека пожарот во Париз утринава околу 3 часот бил ставен под контрола и оти нема опасност од негово ширење, иако огнот се’ уште горел на некои места.

Големиот пожар во катедралата Нотр Дам ставен под контрола