Новиот снег на Попова Шапка нема да ја стартува по втор пат скијачката сезона – ММС
ММС

Објавено на: 04/15/19 11:24 AM

Новиот снег на Попова Шапка нема да ја стартува по втор пат скијачката сезона

На туристичкиот центар Попова Шапка формирана е нова снежна покривка од околу триесет сантиметри. Снегот почна од паѓа од синоќа.

Вработените во сместувачките капацитети велат дека овој пат снегот навистина изненади. Посочуваат дека цел март не врнело и по месец и половина напролет снегот ја обели снежната убавица Попова Шапка. Не веруваат дека новиот снег кој продолжува да врне по втор пат оваа година ќе ја стартува скијачката сезона, која официјално заврши последниот викенд од месец март.

И од раководствотот на скијачкиот центар Попова Шапка не веруваат дека ќе има скијање на центарот.

-Голем дел од вработените не се на Попова Шапка, тие кои сезонски ги анагажираме затоа што официјално заврши скијачката сезона. Но не е проблемот само со вработените, треба големи подготовки за да стартрува скијањето ако е еднаш официјално завршено, затоа што се извадени редукторите на ски лифтовите и слично, затоа не веруваме дека ќе има скијање – ни изјавија од раководството на скијачкиот цетнар Попова Шапка.

Снег има и на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка каде возењето се одвива во потешки услови

Метереолозите велат дека снегот ќе паѓа и во текот на утрешниот ден, а од среда се очекува стабилизирање на времето. 

 

Зоран Димовски