Претпладне во 10.36 ч. во полицијата е пријавено разбојништво со оружје во банка на ул.„Ферид Бајрам“ во Скопје, кои при тоа одзеле пари. Неофицијално се работи за четворица, кои потоа заминале во непознат правец. При грабежот физички бил нападнат Е. Е. (26), кој ја обезбедувал банката. Околните жители сведочат дека слушнале истрели, меѓутоа, повредени од оружје нема. Во моментов присутни се поголем број на полицајци и истражители во експозитурата на НЛБ Тутунска банка во Чаир.
Утринава во експозитурата Чаир на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Од банката го потврдуваат настанот и информираат дека клиентите кои се затекнале во експозитурата, како и вработените на Банката, се безбедни и во добра состојба.
-Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства.Паралелно, работиме со истражните органи на утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително“, соопштија од НЛБ Тутунска банка.
Објавено на: 04/15/19 11:08 AM


