Шпанија слави за Гибралтар – ММС
ММС

Објавено на: 04/15/19 10:53 AM

Шпанија слави за Гибралтар

Признавањето на Гибралтар за британска колонија беше првата дипломатска победа за Шпанија, смета шефот на шпанската дипломатија Жозеп Борел. Акоо дојде до Брегзит, таа спорна територија ќе стане трета држава и секое решение во врска со Гибралтар ќе бара согласност од Шпанија.

Шпанија смета дека Брегзит ќе и’ донесе победа во спорот со Велика Британија во врска со статусот на Гибралтар, по одлуката на Брисел во февруари Гибралтар да го смета за британска колонија, пишува британски „Тајмс“.