На соголена планина на северот на Албанија, вкопана во срцето на планината, зад масивна челична порта, скриена е албанска воздушна база. Во неа неколку десетици застарени авиони „миг“ што собираат прашина.
Три децении по падот на социјализмот, албанските власти не можат да ги продадат овие авиони од руско и кинеско производство.
„Го приспособуваме оружјето со НАТО-стандардите. Што се однесува до ‘миговите’, поради носталгијата, неколку ќе задржиме во музеи, а другите ги нудиме на продажба“, велат од албанаската армија.
Некои од авионите „миг 17“, „миг 19“ и „миг 21“ ќе можеле да се купат и за 10.000 евра.


