ВМРО-ДПМНЕ обвини дека министерката за правда Рената Треневска Дескоска си дозволила со службено возило во маички од кампања, да оди на партиски митинг.
-ВМРО-ДПМНЕ бара министерот за правда Рената Треневска Дескоска веднаш да си поднесе оставка заради морална одговорност, а државната комисија за спречување на корупција, јавното обвинителство и другите надлежни институции да покренат прекршочни и кривични постапки.По оваа злоупотреба од страна на Дескоска сосема е јасно зошто СДСМ се противи на реформи кои ќе значат независно и професионално јавно обвинителство и судство, стои во реакцијата.
Министерката за правда одговори на Фејсбук:„Секој вистински новинар прво ќе знае дека министрите немаат на располагање службени мерцедеси, туку пасати. Второ, со обична проверка на регистрацијата лесно ќе утврди дека мерцедесот со кој “ме фатиле жива” е во приватна сопственост, а не е службено возило. Продуцирањето на лажни вести од некој што сака да се нарече медиум, само говори за неговата кредибилност. Така што, вистината е следна: бев на митинг денес, но не со службено возило, туку ме зедоа сопартици со нивно приватно возило.
П.С. Поздрав до фотографката“, напиша министерката Дескоска.


