Десет граѓани избркани од ЗОО поради непочитување на кодексот за однесување – ММС
ММС

Објавено на: 04/14/19 3:26 PM

Десет граѓани избркани од ЗОО поради непочитување на кодексот за однесување

Денеска во текот на денот од Зоолошката градина во Скопје беа избркани 10 лица, поради непочитување на пропишаните правила, односно поради хранење на животните. Оваа вест за Фокус, ја потврди Тина Мицковска, портпарол на зоолошката градина.

Инаку од завчера, на пет локации низ Зоолошката беа поставени информативни табли, на кои е напишан кодексoт на однесување на посетителите, но по се изгледа треба време за посетителите да се навикнат на дисциплина.

-Колнета, пцуена, ама ред мора да има. Денес десет лица беа избркани поради хранење на животните – изјави таа за Фокус.

Во правлиникот кој е истакнат во Зоолошката градина во Скопје, наведено е дека хранењето на животните е строго забрането, а и нвно допирање или пак приоѓање од близу.

Ваквата одлука е донесена поради тоа што досега неколку животни умреа откако пороголтале тврд предмет или кеса од грицки, кои на обдикцијата биле пронајдени во нивните тела.

Во зоолошката градина не смеат да се внесуваат ниту балони, кои претставуваат потенцијална опасност за животните, забрането е движење под дејство на алкохол или наркотици, внесување на домашни миленици, движење со велосипед, ролери, скејтборди и тротинети.

Инаку зоолошката градина од пред неколку години доби и нов урбан изглед, по 13 години беше исчистено и езерото, кое сега е и хортикултурно уредено и поставен е брод со детски реквизити.