Од утре со повремен дожд – ММС
ММС

Објавено на: 04/14/19 11:08 AM

Од утре со повремен дожд

Утре ќе преовладува облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд. На
места, особено во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Во
вторник ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, а потоа
условите за нестабилност ќе се намалат. Во текот на следната седмица утринските
температури ќе бидат релативно ниски.