Конфликти меѓу демонстрантите од Жолтите елеци и локалните полициски сили се случија денес во градот Тулуз во јужна Франција, јавија локалните медиуми.
Ова е 20-тиот по ред викенд на протестите на Жолтите елеци во Франција.
Полицијата користела солзавец во обид да се справи со инциденти предизвикани од луѓе кои биле облечени во црно и носеле маски за гас.










