Повредени полицајци и демонстранти при протестот во Тирана – ММС
ММС

Објавено на: 04/13/19 11:39 PM

Повредени полицајци и демонстранти при протестот во Тирана

Силни судири избувнаа во попладневните часови во саботата во Тирана, меѓу полицијата и демонстрантите, кои извикувајќи слогани против владата на Енти Рама, повикуваа на предвремени парламентарни избори.

Илјадници поддржувачи на опозицијата од целата земја се појавија на главниот булевар во главниот град, при што неколку од нив фрлаа ракети на полицијата.

Десетици луѓе собрани пред зградата на владата се упатија да го скршат полицискиот кордон во главниот влез, при што полицајците употребија хемикалии кога демонстрантите се обидоа насилно да влезат внатре.

За време на демонстрациите, како што објави албанската влада, се повредени неколку полицајците . Исто така, најмалку 15 демонстранти настрадаа од солзавец што го истрела полицијата против нив, објави Демократската партија.
Министерството за внатрешни работи соопшти за петмина повредени полицајци, без детали за сериозноста на нивните повреди. Според извор од полицијата, сите биле однесени во болница.

Од своја страна,премиерот Еди Рама ги осуди насилните немири и изрази мислење дека опозициските партии го презеле “патот на самоуништувањето”.

Во говорот пред демонстрантите, водачот на Демократската партија, Лулзим Баша, повика на “предвремени избори”, формирање на “преодна влада” и “заминување на владата на Рама”.

“Ве повикувам на отпорот и бунтот за соборување на Рама!”, извика  тој кон толпата.