Нормализиран е сообраќајот на магистралниот пат Штип-Велес, кај село Кадрифаково – ММС
ММС

Објавено на: 04/13/19 11:11 PM

Нормализиран е сообраќајот на магистралниот пат Штип-Велес, кај село Кадрифаково

Како што соопштија од АМСМ, сообраќајот на овој патен правец е нормализиран од 22:00 часот.

Сообраќајот беше во прекин од 20:40 часот поради сообраќајка што се случи на овој патен правец во која учествувале возило и пешак

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, за МИА информира дека повредениот пешак во несреќата е хоспитализиран во штипската клиничка болница и лекарите го утврдуваат карактерот на повредите.

Ова се првични информации од терен, повеќе детали се очекуваат по увидот од страна на обвинител и екипа на полицијата.