Како што соопштија од АМСМ, сообраќајот на овој патен правец е нормализиран од 22:00 часот.
Сообраќајот беше во прекин од 20:40 часот поради сообраќајка што се случи на овој патен правец во која учествувале возило и пешак
Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, за МИА информира дека повредениот пешак во несреќата е хоспитализиран во штипската клиничка болница и лекарите го утврдуваат карактерот на повредите.
Ова се првични информации од терен, повеќе детали се очекуваат по увидот од страна на обвинител и екипа на полицијата.


