Стефановиќ: Вучиќ сакаше да се обрати, но се откажа поради малиот број луѓе – ММС
ММС

Објавено на: 04/13/19 7:59 PM

Стефановиќ: Вучиќ сакаше да се обрати, но се откажа поради малиот број луѓе

Фото: Танјуг

Српскиот претседател, Александар Вучиќ имал намера да им се обрати на собраните луѓе на протест во Белград, но тој се откажал од таа идеја поради малиот број на присутни – информира вечерва српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ.

Според него, на протест во центарот на Белград имало помеѓу 7.300 и 7.500 луѓе, но нивниот број се намалувал по обраќањето на одредени говорници.

-Прво, заминаа неколку десетици, а потоа неколку стотици, особено по говорот на Сергеј Трфуновиќ, а сега на прошетката има помеѓу четири и пет илјади луѓе“, рече тој.

Министерот за внатрешни работи Стефановиќ, вечерва изјави дека не сака никого да навреди, но, за него, барањата на опозицијата се „смешни”.