Заврши протестот во Белград: Опозицијата и’ даде рок на власта за исполнување на барањата – ММС
ММС

Објавено на: 04/13/19 7:45 PM

Заврши протестот во Белград: Опозицијата и’ даде рок на власта за исполнување на барањата

Фото:  Mondo/Goran Sivačk

Со повик до власта барањата на опозицијата да ги исполни во рок од шест денови, во спротивно седмиот ден ќе биде организиран уште поголем протест, заврши вечерашниот собир „Еден од пет милиони“ во Белград.

Последни на протестот говореа лидерите на опозицијата, барајќи да се формира заедничка комисија на Владата и опозицијата за дефинирање на фер и чесни изборни услови, но и да се избере нов состав на Регулаторното тело за електронски медиуми, како и нов технички и уреднички тим на Радио-Телевизија на Србија и Радио Телевизија Војводина.

Според, Зоран Живковиќ на протестот, кој мина мирно без инциденти, присуствувале 35.000 лица и е најголем по оној на 5 октомври.

Власта пак тврди дека на протестот имало околу 7.500 луѓе.