Мисајловски: СДСМ се фали со распродажбата на националните интереси – ММС
ММС

Објавено на: 04/13/19 11:49 AM

Мисајловски: СДСМ се фали со распродажбата на националните интереси

Македонија не може и нема да оди напред се’ додека Заеви ги шират бизнисите, се делат партиски тендери, криминални иновации, а странските инвеститори даваат една голема нула за бизнис климата – реагираше на прес конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Според него, Македонија нема да оди напред, се’ додека, како што посочи тој,  царува корупцијата и наместо на рангирањата на Транспаренси да бидеме во друштво на земји членки на ЕУ, се наоѓаме на дното во мртва трка со држави од Африка.

„Нормално е дека за ова нема да слушнете ништо на митинзите ниту од Заев, ниту од неговата опачина Стево Пендаровски. Нема да слушнете ниту за најслабиот економски раст во регионот, ниту за задолжувањето, ниту за маките на земјоделците кои го фрлаат својот плод.Тие на митинзите се фалат со тоа со што секој еден пристоен и чесен Македонец би се срамел. Се фалат со распродажбата на националните интереси, прифаќањето на грчките црвени линии, промената на името и идентитетот“, додаде Мисајловски.

Тој ги повика граѓаните да се придружат на вечерашниот митинг кој го организира ВМРО-ДПМНЕ со Коалицијата „За подобра Македонија“. Протестот почнува во 19 часот пред Владата.