Почина легендата на Ливерпул, Томи Смит – ММС
ММС

Објавено на: 04/13/19 8:37 AM

Почина легендата на Ливерпул, Томи Смит

По долго боледување од деменција, почина легендарниот фудбалер на Ливерпул, Томи Смит – јавија англиските медиуми. Клупскиот сајт, повикувајќи се на изјава од неговата ќерка Џенет Симпсон, пренесе дека Смит починал во сон.

Тој речиси целата своја кариера ја мина во редовите на „црвените“, поточно играше цели 18 години. Со клубот успеа да освои четири титули шампион на Англија, титула во Европскиот Куп (Лига на шампиони), два трофеи во ФА Купот и два трофеи во УЕФА Купот.

Одигра вкупно 638 натпревари за Ливерпул, а навивачите го нарекуваа „Железото од Енфилд“, поради неговата одлична игра во одбраната. При крајот на кариерата играше кратко во САД, а со фудбалот заврши по една сезона во Свонси.