Третата средба на Унија на Албански општини се одржа во Тетово. Домаќинот градоначалничката Теута Арифи, рече дека целта на унијата е заедничкии да се решаваат проблемите на градовите кои мака мачат со урбанизмот животната среидна и слично.
На новинарско прашање дали унијата има политичка позадина затоа што го има предзнакот Албански а станува збор и за општини од Црна Гора, Македонија и Србија Арифи го даде следниов одговор.
-Не можеме да го игнорираме фактот дека зобруваме ист јазик. Тоа е можност да го дадеме најдоброто од нас, за да направиме подобри градови.
И Градоначалникот на Приштина, на чист македонски јазик одговори дека не станува збор за никаква политичка позадина, туку се работи за идеја за заедничко решавање на проблемите меѓу градовите каде што живее народ со ист менталитет.
-Кога одам во Скопје со Петре Шилегов зборувам на македонски јазик. Мислам дека е добро да си градиме мостови, бидејки живееме на истот Балкан и со Петре си зборуваме за проблемите на Скопје и Приштина. Албанците насекаде повеќе трошат на механизација и коли отколку на едукација на децата. Сепак ѓубре е ѓубре, зеленило е зеленило. Размената на искуства ќе биде најголема придобивка.Пример ако ние трошиме пари за одреден софтвер, другите нема да мораат, рече Шпенд Амети, градоначалник на Приштина одговори градоналчалникот Шпенд Ахмети.
И за градоначалникот на Тирана не е според предзнакот Албански, затоа што според него и неговата општина иако е Албанска членува во здруженија и унии кои на пример го носат предзнакот Франкофонски општини.
– Не можеме да го игнорираме фактот дека зборуваме ист јазик, но сепак идејата е да се најдат урбани решенија, рече градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај.
Инаку во унијата на Албански општини членуваат Општините Тирана Ваљона Туск, Приштина Призрен, Гостивар ,Тетово Чаир, Улцињ, и Прешево.


