„Спортмедиа“: ФФМ би можела да покрене истрага за „местенки“ во купот – ММС
ММС

Објавено на: 04/12/19 3:09 PM

„Спортмедиа“: ФФМ би можела да покрене истрага за „местенки“ во купот

Во четвртокот одделот за интегритет во „куќата на фудбалот“ имал контакти со Интерпол, МВР и службите во УЕФА во врска за нелегално обложување за натпревари во Македонија. Оваа информација ја дознава „Спортмедиа“ од извори кои за целиот овој скандал напоменуваат:

„Би можело да се покрене истрага. Натпревари од Купот на Македонија беа на удар на странски служби кои открија големи уплати“.

Уште на денот на одигрувањето на натпреварите одредени тела за ваков тип на криминал биле алармирани и истите превземале одредени дејствија кои ќе помогнат во евентуалната истрага да се дојде до посакуваната цел и до оние кои учествувале во нечесните игри на теренот и за „местење“ на натпревар по што следела заработка на одредена група од спортските обложувалници.

Местењето на фудбалските натпревари не е од вчера во Македонија. Со оглед на ова што се најавува и тоа како се одвиваа коефициентите на натпреварите, во фокусот би требало да биде дуелот Победа – Академија Пандев. При резултат 1:0 за Победа „квотата“ за победа на гостите со два гола разлика беше 1,32. Во обложувачки жаргон кажано оваа средба беше „убиена“.

Покрај пријавите од органите за спорниот дуел од 1/2 финалето од Купот на Македонија има лоши извештаи кои водат во несакан правец и од официјалните лица. Целата операција се води во тајност со цел да се стигне до крајниот „мозок“ на целата група.

Во моментов може да споменуваме само претпоставки, но најважно и за поздрав е ако ФФМ и службите еднаш и  засекогаш влезат жестоко во пресметката во ваквиот криминал.

Новиот метод на УЕФА за лов на местачите во периодот кој следи ќе биде фатален за манипулаторите. Затоа и не се случајни акциите на Кипар и Србија. Сите членки на УЕФА се обврзани да влезат во битка со нелегалното обложување. Умре времето кога кај нас на берзата побитни беа дуели од женската лига отколку Првата фудбалска лига. Мрежата веќе е пробиена!!! И за тоа следи разврска…

На крај да споменеме дека во текот на минатата недела во Виена имаше состанок со одговорните лица за интегритет и безбедност на федерациите од регионот со УЕФА, на кој како потенцијално ризични првенства за местени натпревари беа посочени шампионатите на Кипар, Србија, Македонија, Албанија, односно пргвенствата од регионот.