Катругалос: Договорот од Преспа ја зајакнува безбедноста и стабилноста во ЈИЕ – ММС
ММС

Објавено на: 04/12/19 2:34 PM

Катругалос: Договорот од Преспа ја зајакнува безбедноста и стабилноста во ЈИЕ

Шефот на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос во обраќањето на министерскиот состанок за Берлинскиот процес во Варшава, во делот посветен на Балканот акцентот го ставил на решението на долгогодишниот проблем меѓу Северна Македонија и Грција, преку кое „во целост се зајакнува безбедноста и стабилноста во Југоисточна Европа, а паралелно го олеснува заедничкиот развој преку регионални проекти за поврзување, инфраструктура и енергетика”, – јави грчкото МНР.

Паралелно, на состанокот, според Министерството за надворешни работи на Грција, бил споменат и Договорот од Преспа.

– Сите присутни лидери го поздравија Договорот од Преспа како модел на европскиот начин на решавање на разликите и алатка за стабилизација на регионот, а топло ги пофалија премиерот Ципрас и неговиот колега од Северна Македонија за нивниот храбро политичко дело – соопштуваат од грчкото МНР.