Вербална расправија прераснала крвата пресметка.Татко со нож го повредил сопствениот син.Настанот во Полиција бил пријавен околу 19 часот од страна на медицинскиот центар во Кочани.
Од тука информирале дека кај нив со повреди бил донесен триесет и деветгодишниот М.Г од Кочани.
Според пријавеното, истиот ден околу 18.45 часот во домот на ул.„14-та Бригада“ во Кочани, по вербална расправија, педесет и осумгодишниот Љ.Г со нож му нанел повреда на неговиот син М.Г.
По укажаната помош во болницата во Кочани тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид бил извршен, а Љ.Г. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица во Кочани. По целосно документирање на случајот против Љ.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.


