Рибар на брегот на Газа пронашол порака во шише што плутало 800 километри – ги контактирал и изненадил авторите – ММС
ММС

Објавено на: 04/12/19 11:45 AM

Рибар на брегот на Газа пронашол порака во шише што плутало 800 километри – ги контактирал и изненадил авторите

Палестинскиот рибар Џихад ел Солтан се изненадил кога недалеку од плажа во близина на Газа во морето забележал порака во шише. Не можел да поверува колку долго плутало шишето кога ја прочитал пораката.

Шишето низ Средоземното Море поминало пат долг 800 километри, а отплутало од плажа на грчкиот остров Родос, каде што во морето го фрлила млада британска двојка што на островот летувала лани во јули.

„Во моментот сме на летување на Родос и би сакале да дознаеме до каде ќе доплови ова шише. Јавете ни’, дури и да стигне само до првата соседна плажа“, пишува во пораката во шишето.

Одговарајќи на имејл-адресата назначена во пораката, Солтан контактирал со двојката што ја напишала пораката – студентката Бетани Рајт и нејзиното момче Зак Маринер.