Поплавата ослободила нелегално чувани крокодили, па тие пливаат по улиците на Рио де Жанеиро – ММС
ММС

Објавено на: 04/12/19 11:39 AM

Поплавата ослободила нелегално чувани крокодили, па тие пливаат по улиците на Рио де Жанеиро

Бурата што деновеве пустошеше во бразилски Рио де Жанеиро однесе десет животи. Водата ги поплави болниците, уриваше далноводи и електрични столбови по улиците што се претворија во реки. Но, на ужасот овде не му бил крајот – на улиците се појавија и крокодили.

Бурата урнала ѕидови на нелегано одгледувалиште во една фавела, која, како и други четврти во Рио, е под контрола на до заби вооружени паравоени банди. Поради тоа, локалните власти оддолговлекувале со влегувањето во нелегалното одгледувалиште, од кое крокодилите тргнале на пливање по поплавените улици на Рио.