Адвокатот на Асанж и уредничка на „Викиликс“ порачуваат: Никаде нема да оди тој, ќе се бори се до победа! (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 04/12/19 10:45 AM

Адвокатот на Асанж и уредничка на „Викиликс“ порачуваат: Никаде нема да оди тој, ќе се бори се до победа! (ВИДЕО)

Тужбата и прогнот на Џулијан Асанж би тербало да ги замолчи другите кои говорат против злоупотребата на власта, изјавил  уредникот на „Викиликс“, Кристин Храфнсон и адвокатката на Асанж, Џенифер Робинсон, ветувајќи дека тие ќе возвратат.

„Ова е преседан… кој всушност значи дека било кој новинар или медиумска организација било каде во светот може да биде екстардирана и процесуирана затоа што објавила вистинити информации за САД, што во принцип е погрешно и треба да се пружи отпор. Ние ќе се бориме против тоа“, изјавила Робинсон за RT.

„Ова не е порака за Џулијан Асанж. Пораката е за новинарите ширум светот дека не треба да стојат на патот на суперсилите кои сакаат да ја имаат сета моќ“, изјавил Храфнсон. Тој е уверен дека „секогаш ќе бидат храбри луѓе“.

Без оглед на нападот на Асанж, „работата на Викиликс ќе продолжи“, изјавил Храфнсон. „Не одиме никаде“. „Тој ќе ја продолжи борбата и ќе се бори за победа – а ние ќе му помогнеме да излезе“, изјавил адвокатот.