Србија: Хорор во село кај Ваљево – бездомни кучиња заклале 19 јагниња – ММС
ММС

Објавено на: 04/12/19 10:39 AM

Србија: Хорор во село кај Ваљево – бездомни кучиња заклале 19 јагниња

 

Во ваљевското Раѓево Село бездомни кучиња заклале 19 јагниња. Крвавиот чин се случил на имотот на Обрад Аџиќ, кому од 25 јагниња стари помеѓу три и четири месеци живи му останаа само шест, од кои три се повредени во масакрот, пишува белградски „Курир“.

– Не бев дома. На враќање, слушнав лаеж и веднаш отидов во објектот каде ги чувам јагнињата. Тогаш имаше само две кучиња кои почнаа да бегаат. Видов стравична глетка. Речиси сите јагниња беа заклани. Како влегле кучињата во оградениот објект не ми е јасно. Веројатно оградата ја прескокнале, но објкетот е цврст, граден од дрво – вели Аџиќ.

Во тоа село проблемите со бездомните кучиња не се случуваат првпат. И досега напаѓале сите добиток и живина. Штетите се пријавуваат во комуналната инспекција, а се исплаќаат од општинскиот буџет.