Хрватска ќе и’ продава млеко на Кина, а самата одвај покрива половина од сопствените потреби – ММС
ММС

Објавено на: 04/12/19 10:35 AM

Хрватска ќе и’ продава млеко на Кина, а самата одвај покрива половина од сопствените потреби

Ќе им продаваме млеко на Кинезите, а самите произведуваме одвај 50 отсто од сопствените потреби. Заедно со преработувачката индустрија, годишно ни’ требаат 900 милиони килограми, а лани одвај произведовме 453 милиони.

Дампиншкиот увоз, несредениот пазар, нездружените и презадолжени фармери, многуте крави во кланица, ниската откупна цена на млекото…лани не’ чинеа дури 229 милиони евра вредно млеко и млечни производи увезени од ЕУ.

Како тогаш до 1,4 милијарда потрошувачи во Кина, за кои со четири милиони жители сме помали од статистичка грешка, се прашуваат деновиве многумина, но, сепак, истакнувајќи дека тоа е добра работа. Особено за хрватската млечна индустрија. Но, како?, пишува „Вечерњи лист, тема на која се осврнуваат и другите хрватски медиуми, откако Хрватска и Кина склучија спогодба за извоз на хрватско млеко.