Куќа и стан изгореа во два пожари во Куманово – ММС
ММС

Објавено на: 04/12/19 10:04 AM

Куќа и стан изгореа во два пожари во Куманово

Куќа и стан во изминатите 24 часа изгореа во два различни пожари во Куманово.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, вчеравечер околу 20:30 часот е излезено на терен на улицата „Гоце Делчев” каде избил пожар во семејна куќа. Десетмина пожарникари со три противпожарни возила излегле на терен, по што околу 00:20 часот пожарот е локализиран.

Куќата е целосно изгорена, а од пламените јазици е опожарен и еден стан од зградата која се наоѓа во непосредна близина.

Во втор пожар, стан изгоре во станбена зграда лоцирана на улицата „Карадачки одреди” во населбата Тоде Мендол. Околу 21:50 часот на терен излегле шестмина пожарникари од Територијалната противпожарна единица Куманово со две возила и огнените јазици успеале целосно да ги ликвидираат околу 20:30 часот.

Причините за избувнување за два пожари, како и настанатата материјална штета допрва ќе се утврдуваат.

Никола Ивановски