Први меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти – ММС
ММС

Објавено на: 04/12/19 7:28 AM

Први меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти

Во организација на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон”,денеска ќе бидат отворени првите мeѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти во нашата држава со едукативен и спортски карактер.

На средбите ќе присуствуваат претставници на Здружението „Нефрон”, Мрежата на организации на југоисточна Европа SEEN Transplant, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, МАНУ, Клиниката за нефрологија, Центарот за трансплантација на бубрези, Националниот координатор за трансплантација, Заводот за нефрологија Струга.

Меѓу учесниците се и претставници на дијализните центри, пациентите на дијализа, пациентите со трансплантиран бубрег и со други трансплантирани органи, дарителите на органи. На средбата ќе има пациенти од нашата држава и од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Црна Гора.

МИА