Општина Тетово ќе се гасифицира – ММС
ММС

Објавено на: 04/11/19 3:43 PM

Општина Тетово ќе се гасифицира

Општина Тетово ќе се гасифицира. На денешната седница советот на Општина Тетово одобри идеен проект за гасификација.

Пред присутните советници идејниот проект го презентираше преставник на скопска фирма, која бил избрана на јавен тендер во декември 2018 година. Според секторот за комунални дејности, Тетово ќе има примарна и секундарна градска мрежа со вкупна должина од 25 000 метри гасоводни цевки.

Овој проект според проценките ќе чини околу 3 070 000 евра

Граодначалничката на Тетово Теуат Арифи, на прашање на советници одговори дека нема да има никакви проблеми околу реализацијата на овој проект.

Зоран Димовски