Сега и британската јавност информира: Елмас блиску до трансфер во Премиерлигата – ММС
ММС

Објавено на: 04/11/19 3:12 PM

Сега и британската јавност информира: Елмас блиску до трансфер во Премиерлигата

Пред извесен период турските медиуми објавија дека клубови од Шпанија и Англија го посакуваат Елиф Елмас, но сега британскиот печат оди чекор понатаму.

Британските весници сега тврдат дека Тотенхем е подготвен да плати за Елиф Елмас 20 милиони евра на Фенербахче, кој сезонава слабо „кубури“ на табелата.

19 годишниот играч се етаблираше како квалитетен и перспективен играч за иднината, па на јадицата загризале Тотенхем и Покетино.

Фенербахче бил подготвен да прифати понуда од 20 милион евра, затоа што се во проблем со финансискиот фер плеј, па мора да продаваат дел од своите играчи.

Фенер го купи Елмас од Работнички за сега веќе симболични 180.000 евра, а сега ќе го наплатат 100 пати повеќе неговото заминување, што би рекле во Англија, „hell of a business“.