Бејл и Реал со спротивни ставови – ова ќе резултира со трансфер листа – ММС
ММС

Објавено на: 04/11/19 3:04 PM

Бејл и Реал со спротивни ставови – ова ќе резултира со трансфер листа

Првиот играч кој во минатото ја проби трансфер бариерата од над 100 милиони евра, Герет Бејл, бил информиран од клубот дека може да си бара нов клуб од идната сезона.

Велшанецот е премногу склоп кон повреди, па тоа е сегментот кој не им се допаѓа на Перез и пред се на повратникот Зинедин Зидан.

Бејл сакал да остане во Мадрид, но очигледно дека управата и тренерот имале други планови.

АС открива дека Јосе Анхел Санчез, кој е еден од спортските директори на Реал, се состанал со Велшанецот каде му посочил дека тој скоро извесно дека ова лето ќе биде ставен на трансфер листа.