Возачот Љубиша Видојковиќ, кој на пешачки премин во Скопје ја прегази студентката Фросина Цветковска, пред Апелацискиот суд ја признал вината и добил намалување на казната. Видојковиќ доби три години, односно една година помалку казна затвор од тоа што законот предвидува, што предизвика лавина од реакции во јавноста. Ова признание и каење судиите го навеле како олеснителна околност, каде му е земено во предвид младоста и тоа дека не е женет.
Покрај ова, судиите го земале во предвид и фактот дека сега покојната Фросина го поминала пешачкиот премин на црвено светло, што во текот на судењето беше оспорувано. Војковиќ возел во алкохол во крвта (концентрација од 1,133 грам промили) и со 85 километри на час по Партизанска, каде ја прегази Фросина.
Видојковиќ прво доби 6,5 години казна затвор, што потоа му беше намалена на 4 години. Откако се жалеше, Апелацискиот суд ја намали на три години.


