Признанието му ја намалило казната на возачот што ја прегази Фросина – ММС
ММС

Објавено на: 04/11/19 12:54 PM

Признанието му ја намалило казната на возачот што ја прегази Фросина

Возачот Љубиша Видојковиќ, кој на пешачки премин во Скопје ја прегази студентката Фросина Цветковска, пред Апелацискиот суд ја признал вината и добил намалување на казната. Видојковиќ доби три години, односно една година помалку казна затвор од тоа што законот предвидува, што предизвика лавина од реакции во јавноста. Ова признание и каење судиите го навеле како олеснителна околност, каде му е земено во предвид младоста и тоа дека не е женет.

Покрај ова, судиите го земале во предвид и фактот дека сега покојната Фросина го поминала пешачкиот премин на црвено светло, што во текот на судењето беше оспорувано. Војковиќ возел во алкохол во крвта (концентрација од 1,133 грам промили) и со 85 километри на час по Партизанска, каде ја прегази Фросина.

Видојковиќ прво доби 6,5 години казна затвор, што потоа му беше намалена на 4 години. Откако се жалеше, Апелацискиот суд ја намали на три години.