Британската полиција го објави видео од апсењето на Џулијан Асанж и трансферот од Амбасадата на Еквадор во центарот на Лондон.
“Џулијан Асанж, 47, беше уапсен денеска, четврток 11 април, во Амбасадата на Еквадор од службеници од Метрополитен полицијата “, стои во изјавата на полицијата. Властите во Велика Британија соопштија дека Асанж бил уапсен откако “Асанж е уапсен откако му е укинуваат имунитетот од страна на еквадорската влада”.
Укинувањето на азилот се должи на постојаните прекршувања на меѓународните конвенции, соопшти претседателот на Еквадор, Леинин Морено.
Основачот на Викиликс е “уапсен на централната полициска станица во Лондон, каде што ќе остане се додека не се изведе пред Судот во Вестминстер “, истакна полицијата официјалното соопштение.
Пред неколку дена на веб-страницата на Викиликс беше објавена вест дека Еквадор планира да го депортира Асанж од амбасадата во Лондон, па дури и дека ќе дојде до договор со Велика Британија за негово апсење.
Асанж доби азил во амбасадата на Еквадор во 2012 година, со цел да ја избегне екстрадицијата во Шведска, каде е обвинет за силување, но исто така и во САД, каде што е обвинет за објавување на доверливи владини документи.
WATCH: Moment Julian Assange is CARRIED out of the Ecuadorian Embassy in London. pic.twitter.com/OEeqmoksGr
— RT UK (@RTUKnews) April 11, 2019


