„Со најновите измени и дополнувања на Семејниот закон, се воведува целосна забрана за физичко казнување и упоитреба на физичка сила при воспитувањето на децата“, најави Драган Вулевиќ, посебен советник на српскиот министер за труд, вработување и за боречки и социјални права.
Смислата за воведување на тие забрани не била казнување, туку едукација на родителите за ненасилните методи на воспитување.
Вулевиќ за белградска „Политика“ рекол и дека никој нема да оди во затвор или да биде лишен од родителско право ако детето добие чврга или удар по задникот. Тој потсетува дека и со сегашниот Закон делумно било предвидено лишување од родителското право ако родителот континуирано физички го казнува детето.


