Докторите во Грција и Шпанија соопштија дека создале бебе од тројца родители преку лекување на неплодноста кај 32-годишна жена, објави Би-Би-Си.
Детето е родено во вторникот во Грција, со тежина од 2,9 килограми. Мајката и детето се во добра здравствена состојба.
Според лекарите, ова е сериозен медицински напредок што може да помогне во надминување на неплодноста кај двојките низ целиот свет.
Но, некои британски научници се загрижени дека постапката покренува прилично сериозни етички прашања.Експерименталната форма на in vitro користи јајце клетка од мајката, сперма од таткото, и друга јајце клетка од друга жена – донаторка. Ова е направено со цел да се избегнат митохондријалните заболувања пренесени од мајката на бебето, објаснуваат медицинските лица. Таа ја комбинира ДНК-та на мајката со митохондриите на донаторката и на тој начин ги спречува генетските болести.
Само еден таков случај е познат во светот, со семејство во Јордан во 2016 година.


