Претседателскиот кандидат, Блерим Река поддржан од Алијансата за Албанците и БЕСА порача дека само со заокружување на бројот 1 односно глас за него, Албанците ќе го започнат процесот на остварување на своите права. Јас како концепт ќе ја понудам републиката, која е модел на управување преку владеење на правото – рече Река на синоќешниот митинг кој го одржа во Челопек Општина Брвеница.
Река истакна дека досега Албанските партии не ги интересирало за Албанците, туку за тендери и богатење. Ова како што посочи мора да се промени, преку воведување на концептот на републиката.
„За нас Албанците да ги оствариме нашите права потребна ние е републиката. Досега во Македонија ниту една албанска партија не успеа да ги реши прашањата на Албанците, затоа ни е е потребен концептот на републиката. Албанските партии владееле по концептот на тендери, богатење. Затоа со концептот на републиката ќе се бориме за неселективна правда, а не како досега. Гледате што прават со СЈО, наместо прашањето на иднината на ова обвинителство да се решава во собранието, тие сега го решаваат политички и бомбите односно прислушкуваните разговори нема да се земат во предвид само за да се спасат криминалците. Се знае и амбасадорите ни кажаа, дека СЈО треба да биде независно тело. На 21 април со гласот за нас ќе кажете стоп на лажниот патриотизам“, рече Река
На предизборниот митнг се обрати и лидерот БЕСА Биљал Касами:
„Северна Македонија ќе чекори напред само ако има претседател Албанец, зато што сите знаеме дека Албанците се за што поскоро членство во НАТО и ЕУ. Секој кој се чуствува како Албанец треба да се вклучи во нашата кампања. Во другиот табор не знаат за каков концепт ќе гласаат, затоа што Пендаровски не е консензуален претседател. Другиот табор го бранат криминалот и корупцијата, зато треба на 21 апри да го подржите Блерим Река, за него ќе гласаат и Македонците и тие од ДУИ“.
Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села истакна дека Река може да придонесе во остварување на правата на Албанците преку вистинска имплементација на Охридскиот рамковен договор.
Зоран Димовски


