Пендаровски од Тетово порача дека ќе биде претседател кој ќе обединува – ММС
ММС

Објавено на: 04/11/19 7:58 AM

Пендаровски од Тетово порача дека ќе биде претседател кој ќе обединува

Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски на синоќешниот митинг во Тетово порача дека ќе биде претседател кој ќе обединува. Тој рече дека досега сме имале претседател кој дели, а и сегашната опозиција и нејзиниот кандидат, додаде тој,  покажува такви афинитети на делби и раздор во Македонија.

„Затоа мора да се подржи концептот на едно општество за сите, ако сакаме нашата држава да чекори напред“, рече Пендаровски.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека Македонија чекори напред кон НАТО и ЕУ, а Пендаровски, според него, е човект кој ќе ја забрза интеграција на нашата земја кон овие организации.

Пред тетовци на синоќешниот митинг  присутни беа високи партиски луѓе од ДУИ, а пред тетовци се обрати Министерот за образование Арбр Адеми, кој ја побара подршка за Стево Пендаровски.  

 

Зоран Димовски