Македонската ракометна репрезентација синоќа во квалификациски натпревар во Рејкјавик го совлада за нас секогаш незгодниот, но и квалитетен Исланд со 34-33 (17-17). Ова беше едена од најдобрите игри што ги покажала нашата репрезентација, со што ја постигнавме и првата победа на гостување во островската земја.
Во првото полувреме домаќините беа постојано во водство, но нашите не се предаваа, па на полувреме се замина со нерешен резултат. Поголем дел од второто полувреме се играше гол за гол. Кон крајот на натпреварот, Македонците беа почесто во водство. На една минута до крајот Ислнѓаните израмнија, па се влезе во драматичен финиш. Првин ние со пробивање прокоцкавме напад. Исланѓаните возвратија со изгубена топка. Победивме во последните секунди со гол од пенал на Дејан Манасков. Одлично играа и Гоце Георгиевски, Кирил Лазаров, Талески, Кузмановски, Стоилов…


