Меџик Џонсон поднесе оставка од Лејкерс – ММС
ММС

Објавено на: 04/10/19 4:47 PM

Меџик Џонсон поднесе оставка од Лејкерс

Легендарниот поранешен кошаркар Меџик Џонсон поднесе оставка од претседателската функција во тимот на Лос Анџелес Лејкерс. Оставката доаѓа како чин на морална одговорност, откако тимот не успеа да обезбеди плеј-оф, и покрај тоа што во своите редови го имаше еден од најдобрите кошаркари Леброн Џејмс.

„Сакам да се вратам на забавата и на местото каде што бев пред да дојдам во Лејкерс. На пола пат сме со Леброн и доаѓањето на нови играчи, верувам ќе приодонесе екипата да се бори за трофејот“, изјавил Џонсон.