Нова истрага против Милан, „Росонерите“ може да останат без Европа следните две години – ММС
ММС

Објавено на: 04/10/19 3:58 PM

Нова истрага против Милан, „Росонерите“ може да останат без Европа следните две години

На италијанскиот великан Милан му се заканува казна со исфрлање од европските натпреварувања откако по вторпат е обвинет за кршење на правилата за финансиски фер-плеј.

Милан во декември минатата година доби предупредување дека би можел да добие забрана за играње во европските кнатпреварувања во следните две сезони.

„Росонерите“ во првиот случај платија казна од 12 милиони евра поради огромниот губиток од 220 милиони евра во тригодишниот период до 2017. година.

Италијанскиот клуб веќе се наоѓа под условна казна од едногодишна забрана за играње во Европа, а следните две сезони Милан смее да има само 21 играч во тимот.

УЕФА објави дека му наложила на своето тело за финансиска контрола да ја одреди казната која Милан би требало да ја добие поради кршењето на правилата за ФФП во минатите три години до минатото лето.

Милан покрај сите предупредувања од страна на УЕФА во сезоната 2017/18 загуби дополнителни 126 милиони евра.