СДСМ: Институциите се спремни да спроведат кристално чисти избори – ММС
ММС

Објавено на: 04/10/19 3:20 PM

СДСМ: Институциите се спремни да спроведат кристално чисти избори

Институциите  функционираат професионално и се спремни да спроведат кристално чисти избори – посочуваат од СДСМ, како реакција на денешните обвинувања од опозицијата за прекршување на Изборниот законик. Социјалдемократите сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поразена на претстојните претседателски избори.

Од СДСМ велат дека ја охрабруваат Државната комисија за спречување корупција и сите надлежни институции да следат, да ја известат јавноста и да реагираат за било какви сомнежи.