Уште еден штипјанец наседнал на ,,финтата“ поевтини огревни дрва – ММС
ММС

Објавено на: 04/10/19 2:26 PM

Уште еден штипјанец наседнал на ,,финтата“ поевтини огревни дрва

Уште еден штипјанец измамен во намерата да си обезбеди огревни дрва со поевтина цена.Останал и без дрва и без 14.500 денари.

Измамата шеесет и двегодишниот М.С во Полиција ја пријавил во текот на вчерашниот ден.

Според пријавеното истиот ден околу 11.30 часот додека М.С. бил во неговото дворно место на ул.„Солидарност“ во Штип непознато лице му понудило да купи огревни дрва по цена од 2.400 денари по кубен метар.

Измамениот  М.С. платил 14.500 денари за дрвата на непознатото лице, кое заминало и отишло по камионот со дрвата кој наводно бил во населбата „Баби“ во Штип,пишува во Полицискиот билтен.

По кратко време М.С. увидел дека е измамен, односно не добил дрва, ниту пак непознатото лице му ги вратило парите. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.