Антокорупциската комисија одлучи да го информира Јавното обвинителство за прекршување на законот од страна на Град Скопје, со тоа што распишал повик за субвенционирање на велосипеди откако биле распишани Претседателските избори. Сепак, Комисијата нема да поведе постапка, бидејќи не се исплатени средствата, иако има пропуст што треба да биде работа на Обвинителството, со тоа што не е наведено во повикот кога Град Скопје ќе ги исплати субвенциите.
На денешната седница Антикрупциска, освен овој приговор од генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев, сите други негови приговори ги одби, а еден е ставен на дополнително разгледување.
Јанушев приговараше на 116 вработувања во ЈП Водостопанство, делењето на социјални пакети во Општината Центар, како и инвестициски активности во Општината Карпош.
Документите покажале дека со делењето пакети во Општината Центар не се потрошени општински средства и не е прекршен Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, бидејќи активностите се континуирани и од средства обезбедени од донации.
Јанушев приговара на одржана прес конференција на трети април за поддршка на кандидатот за претседател од СДСМ Стево Пендаровски на во простории на Општината Шуто Оризари.
Антикорупциска го прифати објаснувањето на Општината, според кое, во општинската зграда нема деловни простории за користење на граѓаните за граѓански активности, поради што првиот кат е ослободен за таа намена, а вториот кат е администрацијата. Комисијата не го затвори овој предмет, туку дополнително ќе се разгледуваат околностите.
Антикоруциска не го прифати и приговорот за распишување повик на Министерството за земјоделство за доставување на барања за две парични мерки, објавен во периодот на распишување на изборите. Како и за приговорот за распишување на активни мерки за вработување, Комисијата утврди дека се работи за континуирани активности, кои се спроведуваат со години. Во приговорот на ВМРО ДПМНЕ стои дека „објавени се јавни повици од Агенција за вработување за активни програми и мерки – субвенционирање на практиканство и вработување со бруто плата од 19.000 денари за секој вработен, што е исплата на буџетски средства, а што не е редовна исплата“.


